ШПАНИЈА Е НОВО ЕЛДОРАДО ЗА НЕЛЕГАЛНИТЕ МИГРАНТИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА, речиси еден милион нерегистрирани мигранти аплицирале за легализација на статусот за престој

Речиси еден милион нерегистрирани мигранти аплицирале за легализација на статус на престој во Шпанија, објавија денес шпанските власти.

Масовното поднесување барања за легализација на статус се совпадна со фундаментална реформа на политиката на ЕУ и воведување построги правила за миграција, објавува бриселскиот портал Политико.

Нерегистрираното мигрантско население во Шпанија брза да аплицира за легализација во рамките на програмата за регулација што истекува во вторник, и покрај тоа што шпанската влада предвидува околу 500.000 апликации за програмата, која обезбедува обновливи дозволи за престој на секој што живеел во Шпанија најмалку пет месеци и нема криминално досие.

До средината на јуни, аплицирале над 900.000 луѓе.

Овој бран на легализација произлезе од граѓанската иницијатива од 2024 година, поддржана од повеќе од 700.000 Шпанци, стотици хуманитарни организации, бизнис групи и Католичката црква.

Минатиот април, владата на премиерот Педро Санчез одобри кралски декрет со кој им се даде на кандидатите нешто повеќе од три месеци да аплицираат и да ја искористат можноста.

Од повеќе од 900.000 луѓе кои аплицираа до средината на јуни, околу 360.000 веќе добија привремени дозволи за работа и престој, соопштија шпанските власти.

Порано овој месец, ЕУ заврши сеопфатен преглед на својот миграциски систем, отворајќи го патот за побрзи враќања, построги гранични процедури и таканаречени центри за враќање надвор од блокот за одбиени баратели на азил.

Бројни влади на земјите-членки на ЕУ веќе повикаа на итно воспоставување центри за мигранти, предводени од Данска, Австрија, Грција, Германија и Холандија.

Во писмо испратено претходно овој месец до постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ, шпанската влада го изрази своето противење на новите мерки, наведувајќи „сериозни правни, надворешнополитички и оперативни сомнежи, предизвикани од центрите за враќање, како и недостаток на пропорционалност за одредени мерки“, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано