Следната недела во Лондон се очекува состанок за можно формирање меѓународна коалиција за заштита на поморските патишта и стабилизација на пловидбата. Соединетите Американски Држави и Велика Британија планираат да организираат состанок на високо ниво во Лондон следната недела посветен на можното формирање меѓународна коалиција за заштита на поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина.
Според изворот, САД сакаат да ги продолжат разговорите што Велика Британија и Франција ги имаа со неколку земји во последните месеци за можна меѓународна коалиција за Ормуската Теснина.
Извори велат дека САД сакаат сојузниците да испратат средства како што се миноловци, воени бродови и беспилотни летала во регионот за заштита на поморските патишта.
Датумот и агендата на состанокот сè уште не се финализирани, но состанокот би можел да ги собере министрите за одбрана и врвните воени команданти на западните и регионалните земји, соопштија европски дипломатски извори.
Повторното воспоставување на комерцијална пловидба низ теснината е клучен дел од секоја американска стратегија за излез од војната со Иран, како и напорите за стабилизирање на глобалните енергетски пазари, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








