САД ДАВА СОГЛАСНОСТ ЗА АЛТЕРНАТИВНАТА НАФТЕНА ТРАСА ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАВИСНОСТА ОД ОРМУСКАТА ТЕСНИНА

Соединетите Американски Држави ги поддржуваат намерите на Ирак и Сирија за рестартирање на нафтоводот за сурова нафта меѓу двете земји, што би можело да ја намали способноста на Иран да ги блокира испораките на нафта низ Ормуската Теснина, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на неименуван функционер на американскиот Стејт департмент.

Изворот рече дека САД очекуваат американските компании да учествуваат во изградбата на нафтоводот Кирук-Банијас, кој во голема мера престана со работа откако беше оштетен во американските напади врз Ирак во 2003 година.

Ова е еден од низата напори на земјите производители на нафта на Блискиот Исток за намалување на зависноста од Ормуската Теснина, низ кој, пред почетокот на американско-израелската војна против Иран во март, минуваа 20 проценти од светските залихи на нафта, објави Политика.

Американската војска денес повторно ги блокираше иранските пристаништа и започна нов бран напади против Иран.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано