Општина Битола, вечерва во Офицерскиот дом го одржа традиционланиот настан „Розов пулс за Битола“ во функција на подигнување на свеста за значењето на навремената превенција и раното откривање на ракот на дојка.
Во присуство на здравствени работници, психолози, здруженија на граѓани и други претставници на локалната заедница, пригодно обраќање одржа градоначалникот Тони Коњановски и искажа поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со болеста.
-Ви благодарам за можноста да се обратам на овој важен настан и да ја искажам личната и благодарноста од име на Општина Битола што на еден ваков начин зборуваме за важноста на превенцијата, но не и за стравот, туку за животот, женската сила, надежта и заедништвото, потсетувајќи се дека грижата за сопственото здравје е чин на љубов кон себе. Како локална самоуправа даваме безрезервна поддршка на вакви настани – рече Коњановски.
Манифестацијата „Розов пулс за Битола“ ја организираа Советот за социјална заштита и Советот за женско претприемништво формирани од Општина Битола.
Оваа вечер архитектонското здание Офицерски дом Битола е во осветлен со розова боја.
Извор/фото МИА








