OПЕК ПОВТОРНО ЈА НАМАЛУВА ПРОГНОЗАТА НА ГЛОБАЛНАТА ПОТРОШУВАЧКА НА НАФТА

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денес ја намали својата прогноза за раст на побарувачката на нафта во 2026 година, шести месец по ред, и очекува таа да порасне само за 0,18 милиони барели дневно, на вкупно 105,72 милиони барели дневно.

Претходната прогноза предвидуваше пораст од 0,38 милиони барели дневно, што значи дека проценката е намалена за 200.000 барели дневно.

Побарувачката за нафта во земјите кои не се членки на ОЕЦД се проценува на 59,6 милиони барели дневно во 2026 година, што е зголемување од 0,39 милиони барели дневно.

Во земјите на ОЕЦД, се очекува побарувачката да се намали за 210.000 барели дневно во споредба со минатата година, на 46,12 милиони барели дневно.

ОПЕК очекува промена на трендот следната година, кога светската побарувачка за нафта треба да се зголеми за 2,55 милиони барели дневно, што е за 190.000 барели дневно повеќе од претходната прогноза за раст од 2,36 милиони, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано