Поради ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, најмалку две села на неговите падини беа евакуирани, откако тој почна да исфрла лава и пепел, објави денес Би-Би-Си.
Фуего, еден од најактивните вулкани на западната хемисфера, почна да исфрла лава во понеделник, а пирокластичните текови во форма на реки од гас, вулканска пепел и парчиња карпи продолжија да се лизгаат по неговата југоисточна падина денес, соопшти владината агенција што ја следи активноста на вулканот.
Агенцијата за управување со вонредни состојби Конрад издаде портокалово предупредување за целата земја, второ највисоко ниво, и ги повика жителите да бидат претпазливи, со оглед на тоа што ерупциите би можеле да предизвикаат нови пирокластични текови и густи облаци од пепел.
Фуего се наоѓа само 10 милји западно од Антигва, град популарен кај туристите кои го посетуваат светското наследство на УНЕСКО за да се восхитуваат на неговата архитектура од колонијалната ера.
Повеќе од 200 луѓе загинаа за време на ерупцијата на Фуего во 2018 година, многу од нив убиени од брзи пирокластични текови што се спуштија по клисурата Лас Лахас, пренесува Политика
Фото Економија и бизнис








