Kон крајот на септември Европа повторно ќе доживее период на невообичаено топло време, објави денес глобалната метеоролошка организација Severe Weather Europe, наведувајќи дека топлотниот бран ќе трае до почетокот на октомври.
Температурите локално би можеле да бидат од 8 до 12 степени над просекот, а топлиот и сув период би можел да трае до почетокот на октомври
Невообичаено топлото време за крајот на септември и почетокот на октомври ќе донесе и стабилна, сува воздушна маса што ќе го продолжи топлото време во ниските земјоделски басени и урбаните долини. Според среднорочната прогноза, топлотниот бран на крајот на септември и почетокот на октомври, од Франција до Шведска, ќе биде долготраен и со температури што ќе бидат значително над просекот за тој период од годината
Фото Економија и бизнис








