Регионална конференција за буџетска стабилност, даночни приходи и неформална економија

Високи претставници на влади, даночни администрации, финансиски институции, приватен сектор и регионални организации од денеска до петпк во Охрид ќе учествуваат на Регионалната конференција „Охрид 2026“, посветена на фискалната отпорност, буџетските приоритети, даночните приходи и борбата против неформалната економија во Западен Балкан. Конференцијата ја организира Балканскиот економски форум (БЕФ), под покровителство на Министерството за финансии, со поддршка на компанијата JTI.

Главната конференциска програма предвидено е да ја отвори министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе се осврне на предизвиците поврзани со зачувувањето на буџетската стабилност, зајакнувањето на јавните приходи и одговорот на економските притисоци со кои се соочуваат земјите од регионот.

Во фокусот на првиот панел ќе бидат влијанијата на економските движења во еврозоната врз јавните финансии и приватниот сектор во Западен Балкан. На дискусијата ќе учествуваат актуелни и поранешни министри, високи институционални претставници и претставници на бизнис-заедницата, кои ќе ги споделат своите искуства и гледишта за фискалната отпорност во регионот.

Вториот панел ќе биде посветен на даночните приходи, даночниот јаз и справувањето со неформалната економија, при што претставници на даночни институции од повеќе земји ќе разговараат за начините за подобрување на наплатата на приходите, зголемување на усогласеноста со даночните правила и приближување кон европските стандарди.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано