ПРИСТИГНА НОВА ГРУПА НА АМЕРИКАНСКИ ВОЛОНТЕРИ

Вчера пристигнa новатa група на Американци во Северна Македонија кои ќе служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство преку волонтирање во различни
институции, училишта и организации низ земјата. Волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировен корпус во Северна Македонија, Дејвид Рисајд, како и дел од
вработените.

„Денес одбележуваме значаен јубилеј – славиме 30 години постоење и работа во Северна Македонија и го поздравуваме пристигнувањето на 42 Американци од 29-тата група волонтери на Мировниот корпус кои ќе служат во земјата. Овие 42 Американци ќе бидат распоредени да живеат и работат во заедници низ целата земја. Благодарни сме на соработката што во изминатите 30 години ја добивме од Владата на Северна Македонија, и нашите партнери, со која поддржавме повеќе од 980 наши волонтери да служат овде од 1996 година наваму”, вели Дејвид Рiсајд, директор на Мировниот корпус во Северна
Македонија.

За време на нивниот двогодишен престој во Северна Македонија, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во полето на инклузивното образование и на развој на заедницата – во невладините организации и општините. Мировниот корпус има одлична соработка со своите локални и национални партнери и ги спроведува своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за локална самоуправа.

Ова е 29-тата група волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Северна Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги учат локалните јазици и ќе се запознаваат со локалната култура. Тие ќе започнат со официјална служба во декември 2026 година и официјално ќе станат дел од
групата од речиси илјада американски државјани кои служеле во Северна Македонија од 1996 година.

Повеќе од истиот автор

Најчитано