БУГАРИЈА СО НАЈВИСОК РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ВО ЕУ

Во август оваа година, цените на горивата во Европската Унија беа 23,8 отсто повисоки отколку во истиот месец минатата година, објави денес Евростат.

Во 26 од 27 земји-членки на ЕУ, цените на горивата беа повисоки во август оваа година отколку во август минатата година. Годишниот раст на цените во август беше поголем отколку во јули во 26 земји-членки на ЕУ.

Во август оваа година, во споредба со август минатата година, 18 земји-членки на ЕУ забележаа зголемување на цените од повеќе од 20 проценти.

Највисок раст од 34,5 проценти е забележан во Бугарија, по што следуваат Литванија со 28,8, Финска со 27,6, Германија со 27,5 и Франција со 27,4 проценти.

Најнизок раст на цените е забележан во Унгарија 1,3 проценти, Шведска 6,1 процент и Ирска 11,7 проценти.

Просечната месечна вредност на увозот на нафта во ЕУ во вториот квартал од 2026 година била за 55,8 проценти повисока од просечната месечна вредност во текот на 2025 година, додека количината на увезена нафта се зголемила само за 1,2 проценти, на 36,7 милиони тони месечно, објави Евростат.

Податоците покажуваат дека растот на вредноста на увозот бил значително поголем од растот на количината, што укажува на значително зголемување на просечната цена на увезената нафта. Соединетите Американски Држави беа најголемиот снабдувач на нафта во Европската Унија со учество од 18,8 проценти, пред Норвешка со 14,3 проценти и Казахстан со 13,4 проценти.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано