ПОЖАРОТ ЗАД ВОДНО СЕ ГАСИ СО ПОМОШ ОД ТРИ АВИОНИ

Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно – соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. 

На пожарот интервенираат пожарникари од БППЗ, а се упатени и четири пинцгауери на ДЗС. 

Попладнево пожар избувна и во скопско Вoлково, каде гореше ниска вегетација, и тој постепено се става под контрола. 

Анеглов информира дека исто така е изгаснат и поголем пожар што изби во близина на Јажинце и тоа благодарение на брзата интервенција на тетовските пожарникари, локалното население и полицијата.


Фото: МИА Архива и Стојанче Ангелов 

Повеќе од истиот автор

Најчитано