Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1  јануари 2027 година, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. 

-Ова е историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас ветив многу пати дека ќе работам заедно со синдикатите со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата, рече министерот Мисајловски.

Со новиот буџет, додаде тој, опфаќаме се она што е потребно за следната година, но и зголемување во тотална вредност на буџетот. 

Михајловски кажа дека буџетот е поминат на Владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 202 година.

Претставниците на репрезентативните синдикати во одбраната и на професионалните војници, Синиша  Станчевски и Аднан Алити го поздравија зголемувањето од 10 отсто и истакнаа дека се задоволни од постигнатото со помош на социјалниот дијалог. 

Повеќе од истиот автор

Најчитано