СТРУМИЦА БАРА НОВИ ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Општина Струмица објави Конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција на плоштадот „Гоце Делчев“

Општина Струмица објави конкурс на нејзината веб страница за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

Во конкурсот се наведува дека предлозите треба да се достават најдоцна до 30 ноември 2026 година до 12:00 часот по пошта или лично во архивата на Општина Струмица, а  пристигнатите решенија ќе ги оценува жири-комисија.

За најдобрите три решенија се предидвидени парични награди во износ од 130 илјади денари за првото, 60 илјади за второто и 40 илјади денари за третото архитектонско решение.

Плоштадот е целосно реконструиран во 2010 година кога доби сосема нов изглед со подземна сообраќајница и паркинг.


 Фото: Општина Струмица 

Повеќе од истиот автор

Најчитано