МОРА ДА ИМА ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА НА ЛЕКАРИТЕ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО, изјави министерот за здравство Сашо Клековски

Мора да има дополнителна работа на лекарите вработени во јавното здравство, меѓутоа не вака хаотична, анархична и со многу можности за злоупотреби. Жестоко ќе се залагаме да се спречи работењето на лекарите без договор во приватни здравствени установи, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Во 2023 година по иницијатива на група пратеници, посочи тој, максимално е либерализирана дополнителната работа на докторите вработени во јавните здравствени установи.

– Неколку пати го имам кажано ставот дополнителната работа од јавно здравство, во јавно здравство ни е основно обезбедување здравствени услуги во многу болници надвор од Скопје и таа е неопходна, меѓутоа мораме да ги преиспитаме условите, набљудувањето и контролата за да се спречат злоупотребите. Во повеќе случаи на кои работиме воопшто нема договори за дополнителна работа, туку тука ќе кажам на диво лекарите работат во приватни здравствени установи во кои воопшто не се регистрирани како даватели на здравствени услуги, односно тоа го прават без знаење на матичните здравствени установи. Жестоко ќе се залагаме тоа да се спречи. Дополнителната работа треба, меѓутоа таа мора да е уредена, регулирана и во согласност со законите, додаде Клековски одговарајќи на новинарско прашање пред панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано