Одржливоста станува стратегија за конкурентност на македонските компании

Одржливоста повеќе не е спротивност на економскиот раст, туку неговата нова насока, оценува Марга Хоек во интервју за „Економија и бизнис“.

Според неа, за македонските компании, особено за малите и средните претпријатија, одржливоста треба да стане практична стратегија за поголема конкурентност – преку пониски трошоци за енергија, почисто производство, подобар извоз и полесна интеграција во европските синџири на снабдување.

„Оправданоста за бизнисот започнува со енергетска ефикасност, со чиста енергија, со намалување на отпадот, со подготвеност за извоз, со подобри податоци во синџирот на снабдување и со диференцијација на производите“, вели Хоек.

Таа препорачува МСП да започнат со намалување на потрошувачката на енергија, вода, материјали и отпад, потоа да го мерат својот отпечаток и ризиците во синџирот на вредност, да инвестираат во иновации и одржливи производи и да ја користат одржливоста за пристап до нови пазари и зелено финансирање.

„Одржливоста не треба да им се претставува како морална лекција. Таа треба да се претстави како пат кон пониски трошоци, поголема отпорност, подобар пристап до пазарите и создавање работни места што ќе бидат конкурентни и во иднина“, посочува Хоек.


Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОВ

Повеќе од истиот автор

Најчитано