НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ПОЧНУВА СО 3.000 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ

Учебната година утре ќе ја почнат 238 илјади ученици, од кои 174 илјади основци и 64 илјади средношколци. Пристигнати се податоци за 14 952 запишани првачиња и 16 932 ученика во прва година средно, за кои конечните бројки ќе ги имаме наскоро, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

На прес-конференција во пресрет на 1 септември Јаневска  им посака успех на сите ученици, наставници и стручни соработници.

– Оптимизирана е училишната мрежа и во голем број училишта условите се значително подобрени. Обезбедени се учебници за сите, а за учениците со посебни образовни потреби, ангажирани се најмногу образовни асистенти досега – 1358 во основно и 166 во средно образование. истакна Јаневска. 

Од вкупно 1023 (централни и подрачни), во 620 училишни објекти ќе има едносменска настава. Јаневска рече дека тоа е концепт што обезбедува повеќе придобивки, а најважни се интересите на децата – поголема концентрација на часовите, поголема социјализација, задржување на училиште доволно за да се совлада целиот материјал и да се стекнат соодветни вештини.

За околу 14.500 првачиња ова ќе биде посебен ден – нивна прва средба со училишните клупи, наставниците и новите соученици.

Сепак, мора да се потенцира дека во учебната 2025/2026 година во прво одделение биле запишани 17.921 ученик, додека досегашните податоци за новата учебна година покажуваат околу 14.500 првачиња. Бројката на првачиња сè уште не е конечна, бидејќи дополнителното запишување ќе трае до крајот на септември. Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека и по завршувањето на уписите се очекува годинава да има најмалку 3.000 првачиња помалку во споредба со претходната учебна година.

Сепак, добра вест за првачињата што ќе бидат запишани како и за нивните родители, е што годинава многу повеќе училишта ќе ја почнат учебната година со едносменска настава.

Едносменската настава е едно од најклучните барања на родителите со првачиња на состаноците на родителските совети затоа што целодневниот престој во прва смена на училиште им овозможува подобра организација со децата и повеќе одмор на малите ученичиња.

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано