НЕМА НОВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД САНКЦИИТЕ ЗА РУСКАТА НАФТА, одлучи американската администрација

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не издаде наредба за продолжување на овластувањето за купување руска нафта откако истече ослободувањето од санкции на 16 мај.

Со ова заврши привремениот период на олеснување на ограничувањата за рускиот енергетски сектор.

Ослободувањето се однесуваше на ограничени количини руска нафта што веќе беа натоварени на танкери, а американската администрација претходно ја продолжи оваа мерка двапати – во март и април оваа година. По истекот на претходната наредба, на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД не се појавија изменети наредби.

Одредени земји, меѓу кои Индија и Индонезија, побараа продолжување на ослободувањето поради зависноста од увоз на енергија и нарушувања на глобалниот пазар.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, претходно изјави дека продолжувањата на ослободувањето се неопходни за да се зачува стабилноста на светскиот енергетски пазар за време на кризата на Блискиот Исток.

Во април, американската администрација, исто така, дозволи истекување на посебно ослободување што дозволуваше ограничено купување на одредени количини иранска нафта.

Цената на нафтата од типот Брент продолжи да расте поради страв од недостиг на пазарот, додека некои купувачи почнаа да бараат алтернативни резерви, вклучително и од САД, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано