Побарувачката за експерти за вештачка интелигенција во Србија е зголемена за повеќе од 80 проценти во споредба со минатата година. Во исто време, има пад од 16 проценти во бројот на огласи за работа во ИТ секторот. Српската ИТ асоцијација наведува дека домашниот ИТ сектор поминува низ една од најголемите трансформации во последната деценија. Ана Јовановиќ од тоа здружение за „Еуроњуз Србија“ изјави дека појавата на нови трендови довело до ненадеен скок на побарувачката за експерти за вештачка интелигенција, прво во светот, а потоа и во Србија.
Таа изјави дека структурата на пазарот на трудот дефинитивно се менува, така што фокусот повеќе не е на програмери кои само ќе програмираат некаков код, туку на потребата од персонал кој знае како да ракува со вештачка интелигенција.
Таквиот персонал сè уште е најбаран од високоразвиените корпорации.
Таа рече дека во Србија, за жал, само 10 проценти од компаниите користат вештачка интелигенција во своите процеси, што, додава таа, е многу мал број во споредба со Европа или светот, и дека за тоа постојат неколку фактори.
Јовановиќ објаснува дека моменталната состојба на пазарот е таква што падот на интересот за ИТ експерти се должи на фактот дека за работодавците е поевтино да користат некаков софтвер за вештачка интелигенција, ако е добро развиен, отколку да ангажираат помлад програмер кој би го извршил тој процес во компанијата.
Српската ИТ асоцијација, вели таа, лобира за одредени даночни олеснувања за помладите ИТ студенти.
Таа наведува дека во Србија, за жал, сè уште постои голем јаз помеѓу она што се учи на факултетите и она што се бара во компаниите.
„На факултетите, дури и ако има некои предмети за вештачка интелигенција, тие се претежно основи што некако влегуваат во едното уво, а излегуваат од другото. Сè уште нема пракса за студентите да бидат што е можно подобро подготвени за таа прва работа“, нагласи таа.
Таа вели дека вработените во ИТ секторот се уште се на врвот по приходи, наведувајќи дека заработката зависи од предиспозициите и вештините. Платите останале непроменети, но дека структурата, работните места и описот на работните места се менуваат.
Фото Економија и бизнис








