Над 91 милион денари промет на Македонска берза, само две акции со неделен раст

Во првата недела од јуни на Македонска берза се реализираа 91,6 милиони денари промет преку 409 трансакции. Најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка, додека најголем раст забележа Аутомакедонија, а најголем пад Универзална Инвестициона Банка.
Табла со берзански податоци и движења на акциите на Македонска берза во првата недела од јуни 2026 година.

Тргувањето на Македонска берза во периодот од 1 до 5 јуни донесе вкупен промет од 91,6 милиони денари, што претставува намалување од 4,52 проценти во споредба со првата недела од мај. Најголем интерес кај инвеститорите привлече акцијата на Комерцијална банка, додека само две компании ја завршија неделата со раст на пазарната вредност.

Неделен извештај: Македонска берза за периодот 01.06.2026 до 05.06.2026 година

Берзански резиме (01–05 јуни 2026)

Берза: Македонска берза
Вкупен промет: 91,6 милиони денари
Промена (во однос на првата недела од мај): -4,52%
Најтргувана акција: Комерцијална банка (25,5 милиони денари)
Топ 3 по промет: Комерцијална банка, Алкалоид Скопје и Македонски Телеком Скопје
Акции со раст: 2
Акции со пад: 6
Најголем раст: Аутомакедонија Скопје (+3 %)
Најголем пад: Универзална Инвестициона Банка Скопје (-3,77 %)

Најтргувани акции во неделата

КомпанијаПромет
Комерцијална банка25,5 милиони денари
Алкалоид19,4 милиони денари
Македонски Телеком Скопје15,1 милиони денари
Стопанска банка Скопје11,9 милиони денари
НЛБ Банка АД Скопје11,3 милиони денари

Промет на берзата

Вкупниот промет на официјалниот и редовниот пазар на Македонска берза во првата недела од јуни изнесуваше 91,6 милиони денари (1.49 милиони евра), што е за 4.52 % помалку во споредба со првата недела од мај (не споредуваме со претходната недела заради тоа што во неа имаше сами 3 работни денови).

Прометот беше реализиран преку 409 трансакции со кои се истргуваа 49 527 акции и обврзници.

Добитници и губитници

Раст на вредноста минатата недела забележаа само акците на:

  • Аутомакедонија Скопје – раст од 3 %
  • Стопанска банка Скопје – раст од 0,39 %

Пад на вредноста имаа акциите на:

  • Универзална Инвестициона Банка Скопје – пад од 3,77 %
  • Алкалоид Скопје – пад од 2,02 %
  • Реплек Скопје – пад од 0,93 %

Активност по количина

Според бројот на истргувани акции, најактивни беа:

  • Македонски Телеком Скопје – 30 368 акции
  • Стопанска банка Скопје – 5 805 акции
  • Гранит Скопје – 1 617 акции

Изминатата недела, исто така се реализираа и две блок трансакции. Во едната се истргуваа 185 акции од Реплек за 2,95 милиони денари, а во втората се истргуваа 250 акции на Витаминка за 3,12 милиони денари.

Податоците покажуваат дека и покрај благото намалување на вкупниот промет, интересот на инвеститорите останува концентриран кај најликвидните компании на берзата. Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком повторно беа носители на најголемиот дел од тргувањето, додека двата реализирани блок-пакети дополнително придонесоа за пазарната активност. Следните недели ќе покажат дали ќе дојде до пошироко закрепнување на цените, имајќи предвид дека мнозинството од следените акции неделата ја завршија во негативна територија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано