Над 70 илјади деловни субјекти оствариле промет од 2 226 478 милиони денари во 2025 година

Во 2025 година, 70 843 пазарноориентирани деловни субјекти реализирале промет од
2 226 478 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 522 087 милиони денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем промет од 38.7 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.5 %.

Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 26.2 %, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 20.0 %, Градежништвото со 10.0 % и Телекомуникации, компјутерско програмирање, консултантски дејности, компјутерска инфраструктура и други информатички дејности со 9.2 %.

Повеќе од истиот автор

Најчитано