НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ почнува Саемот за пракса и вработување

Саемот за пракса и вработување 2026 на Машинскиот факултет ќе се одржи денеска и утре во Инженерскиот кампус на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

На настанот ќе учествуваат студенти и дипломци од Машинскиот факултет и од другите инженерски факултети, како и 18 компании кои нудат практиканство и работни позиции.

-Ова е можност за директно запознавање со младите инженерски таленти, можностите за поврзување меѓу академската заедница и индустријата – наведуваат од Машинскиот факултет.

Во рамки на Саемот ќе се одржат и две панел дискусии – „Инженерот во ерата на вештачката интелигенција, како да ги предвидиме идните правци на развој на технологијата и кои се вештините кои треба да ги имаат нашите студенти“ и „Зелена индустрија: нови предизвици и претприемачки можности за младите“.

Како што соопшти Машинскиот факултет, отворањето на Саемот е со почеток во 11 часот, додека изјави за медиуми се предвидени во 10.45 часот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано