НА КОЕ РАСТОЈАНИЕ КАМЕРИТЕ ЈА СНИМААТ БРЗИНАТА НА ВОЗИЛАТА, во Хрватска тие се програмирани да снимаат до 100 метри

Прашањето од кое растојание камерата за брзина во Хрватска може да снима возило често е од интерес за возачите, особено оние кои секојдневно минуваат покрај фиксни куќишта по патиштата. Вистинскиот опсег на камерите што се користат во сообраќајниот надзор е многу помал и јасно дефиниран од техничките можности на уредот.

Фиксните камери за брзина, како што е уредот GATSO RT4, кој најчесто се поставува по патиштата, имаат опсег на мерење на брзина до 100 метри. Во овој опсег, камерата може прецизно да ја измери брзината на возилото, да направи јасна фотографија и да го евидентира бројот на регистарската табличка.

Минималното растојание на кое системот започнува со мерење е приближно десет метри, што значи дека камерата не го снима целиот дел од патот, туку само одреден сегмент.

Камерата не ги снима возилата што ѝ се приближуваат од голема далечина, и покрај тоа што куќиштето е видливо од далеку. Уредот активно регистрира прекршок само кога возилото е во зоната на мерење. Ова е област каде што точноста на отчитувањето и квалитетот на фотографијата се доволно прецизни за да се покрене прекршочна постапка.

Подолгите дострели може да се применат на полициски радари или ласерски уреди во мобилни контроли, но не и на класични камери во стационарни куќишта, пренесува Пословни дневник.

Пред неколку дена министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека голем дел од возниот парк на МВР, вклучително и цивилните полициски автомобили, ќе биде опремен со уреди за автоматско евидентирање прекршоци, меѓу кои и непочитување на ограничувањето на брзината. Покрај камерите на „Сејф сити“ на патиштата, сообраќајните прекршоци во иднина ќе се откриваат и со помош на мобилна опрема поставена во полициските возила.

Со новиот начин на контрола треба да се спречи возачите да го приспособуваат возењето само на местата каде што се поставени камери, а да ги прекршуваат правилата на останатите делници.

Тошковски посочи дека досегашната практика покажала оти дел од возачите ја намалуваат брзината кога се приближуваат до камерите, но продолжуваат да возат спротивно на правилата таму каде што нема надзор.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано