Цените на становите во Европската Унија се зголемија во периодот од 2015 до 2025 година во просек за 6,8 проценти побрзо од приходите на домаќинствата, објави денес Евростат.
Статистичката служба на ЕУ истакнува дека овој индикатор, кој ги споредува промените во цените на становите со промените во бруто расположливиот доход на домаќинствата по жител, се зголемил во 17 земји од ЕУ, додека намалување е забележано во преостанатите 10.
Највисок раст на односот на цените на становите со приходите на домаќинствата е забележан во Португалија, каде што изнесува 60,8 проценти.
По нив следуваат Холандија со 34,3 проценти, Унгарија со 26,5 проценти, Чешка со 25,8 проценти и Шпанија со 24,5 проценти.
Од друга страна, најголем пад на овој индикатор е регистриран во Романија, за 42,8 проценти, по што следат Финска за 25,2 проценти и Бугарија за 16,2 проценти, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








