Министерството за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи – информира Министерството за транспорт. 

– Министерството за транспорт, во согласност со своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави во согласност со законските прописи во најбрз можен рок – посочуваат од Министерството за транспорт, објави МИА

Државната комисија по жалби за јавни набавки донесе решение за поништување на тендерот за електрични автобуси и полначи, а на кој за најповолна беше избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус – Икарус“ и на австриска ЕВН.

Одлуката на Комисијата е донесена по службена должност, а информацијата денеска ја потврдија од Министерството за транспорт.

Јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи беше објавен на 27 февруари годинава.

Согласно критериумите што беа наведени во јавниот повик, понудувачот ќе требаше да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и уште 60 автобуси во рок од 18 месеци. Рокот за доставување на потребната документација беше до 30 март, пренесуваат медиумите во Македонија.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано