МЕРЦ НЕ ИМ СОВЕТУВА НА СВОИТЕ ДЕЦА ДА ЖИВЕАТ ВО САД, ги повика Германците да бидат попозитивни во врска со потенцијалот на нивната земја

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека во моментов би им советувал на своите деца да не живеат или учат во Соединетите Држави поради ненадејните промени во општеството и ограничените можности, дури и за високообразованите.

Обраќајќи се пред младата публика на католичката конвенција во Вирцбург, Мерц рече дека луѓето се премногу склони да размислуваат за состојбата во светот во „режим на катастрофа“, повикувајќи ги Германците да бидат попозитивни во врска со потенцијалот на нивната земја.

„Цврсто верувам дека има малку земји во светот што нудат толку одлични можности, особено за младите луѓе, како Германија. Не би им препорачал на моите деца да одат во САД, да учат и да работат таму, едноставно затоа што општествената клима таму одеднаш се променила“, рече Мерц, татко на три деца, додавајќи дека денес најобразованите луѓе во Америка имаат „големи тешкотии да најдат работа“.

Тој истакна дека е „голем обожавател на Америка“, но дека неговиот „ентузијазам не се зголемува“.

Мерц, кој ја презеде функцијата во 2025 година како самопрогласен трансатлантичар, го критикуваше најмоќниот сојузник на Германија, а Трамп, пак, рече дека Мерц треба да се фокусира на „поправање на својата распадната земја“.

Минатиот месец, германскиот канцелар рече дека САД биле понижени во војната со Иран што го налути американскиот претседател Доналд Трамп, а само неколку дена подоцна, Вашингтон објави делумно повлекување на трупите од Германија и зголемување на царините за автомобили од Европската Унија, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано