Меморандумот со САД предвидува отворање на Ормуската Теснина и укинување на санкциите против Иран

Меморандумот за разбирање меѓу Иран и САД вклучува обврска на Вашингтон да ги укине санкциите врз Техеран, да ги повлече своите сили од околината на Иран и да ја укине поморската блокада, објави денеска иранската агенција Мехр.

Како што е наведено, Меморандумот вклучува повторно отворање на Ормуската Теснина, укинување на санкциите за нафта и ослободување на замрзнатите ирански средства.

Конечните разговори ќе се фокусираат на нуклеарните и економските прашања и ќе ги исклучат дискусиите за ракетната програма на Иран, објави Мехр.

Според извештаите, овој нацрт бара финализирање од страна на надлежните органи.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека очекува договорот со Иран да биде потпишан во наредните денови, нагласувајќи дека „документите се блиску до нивната конечна форма“.

Од друга страна, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека Техеран се согласил со поголемиот дел од нацртот на потенцијалниот договор со САД и додаде дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано