Јапонија доживува рекорден број на „средби“ меѓу луѓето и мечките. Минатата година, повеќе од 230 луѓе беа нападнати од мечки, а 13 лица починаа, што ја прави најсмртоносната година досега.
Северните префектури Акита и Ивате беа особено погодени, каде што рекордно високите температури ја намалија количината на желади и семки од бука со кои мечките се хранат пред хибернација.
Проблемот е дополнително влошен од емиграцијата на населението од руралните средини. Напуштените овоштарници и поранешните земјоделски површини стануваат привлечни за мечките, кои сè повеќе се приближуваат кон селата во потрага по храна.
Јапонската влада одговори со масовно убивање. Од април 2025 до јануари 2026 година, беа убиени повеќе од 14.000 мечки, од нив околу 12.000 се азиски црни и 2.000 кафеави мечки.
Од април, уште шест лица се убиени по нападите од мечки, а повеќе од 35 се нападнати во најмалку девет префектури. Владата планира да убие уште 8.800 мечки во текот на годината.
Посебен проблем е што никој не знае со сигурност колку мечки всушност живеат во Јапонија. Официјалната проценка е околу 42.000 единки, но нова национална студија не е спроведена со години, пренесува порталот 021.
Фото Економија и бизнис








