МАКРОН ЈА ПОВИКА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДА СЕ ВРАТИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА, на маса се повеќе опции

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави најавата на британскиот премиер Енди Бернам дека Велика Британија може да размисли за целосно враќање во Европската Унија, велејќи дека таков потег би бил „мудра одлука“.

Бернам денес ја отвори можноста за темелен преглед на односите меѓу Лондон и Брисел, наведувајќи дека на маса се различни опции, од одржување на сегашниот модел, преку царинската унија и враќањето на единствениот пазар, до повторното членство во ЕУ. Тој рече дека британската влада има намера да разгледа што е реално остварливо и кои би биле предностите и последиците од секој од тие модели.

Францускиот претседател оцени дека евентуалното враќање на Велика Британија би било добра вест и за таа земја и за Европа, додавајќи дека Бернам покажал политичка храброст со отворање на прашање кое практично било затворено во британската политика со години.

„Мислам дека тоа би била мудра одлука. И мислам дека е во право што покажува таква храброст. Во секој случај, ние ќе бидеме таму за да се обидеме да помогнеме работите да функционираат“, рече Макрон. Во исто време, Макрон посочи на ограничувањата со кои се соочува Велика Британија додека се обидува да ја продлабочи соработката со Европската Унија, а воедно да остане надвор од нејзините институции.

Тој нагласи дека не е можно да се изберат само одредени придобивки од европскиот систем, а воедно да се отфрлат други обврски што произлегуваат од членството.

Британскиот премиер најави дека ќе бидат презентирани различни опции за идните односи со Унијата пред британско-европскиот самит планиран за ноември. Тој, исто така, оцени дека Брегзит донесе „повеќе штета отколку корист“ за Велика Британија, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано