Мајами и Канзас Сити вечерва се домаќини на четвртфинални дуели од СП 2026

Hard Rock Stadium (Мајами)

На Светското првенство вечерва ќе се играат вторите два четвртфинални дуела, по кои ќе биде позната и втората полуфинална двојка, односно двете репрезентации кои ќе играат да крајот на шампионатот. Три европски репрезентации (Англија, Норвешка, Швајцарија) и светскиот првак Аргентина ќе се борат за полуфинале.

Во првиот дуел во Мајами Англија ја ривал ја има Норвешка. Двете селекции имаат по четири победи, Англија нерешен резултат со Гана, додека Норвешка има пораз од Франција. Но, двете екипи покажаа исклучителен напаѓачки фудбал. Норвешка има постигнато 12 гола, а Англија 11, притоа со големо внимание ќе се следи и дуелот меѓу напаѓачите – Ерлинг Халанд (Норвешка) и Хари Кејн (Англија). Почетокот на дуелот е во 23 часот по македонско време, но според најавите најавеното невреме може да им создаде проблеми на организаторите.

Во 3 часот по полноќ е закажан почетокот на дуелот во Канзас Сити меѓу Аргентина и Швајцарија. Светскиот првак Аргентина лесно ја мина групата со победите над Алжир, Австрија и Јордан, но во нокаут фазата со две победи од 3:2 ги елиминираше Зелено ’ртските острови и Египет. Триумфот над Египет беше исклучително важен и ја покажа менталната слика на шампионот кога од 0:2 направи пресврт за победа. Швајцарија е репрезентацијата која покажа дека знае да игра на резултат. По стартното реми со Катар, следуваа победите над БиХ и Канада во групата, па триумф над Алжир и победа на пенали против Колумбија.

Победниците од двата дуела ќе играат во второто полуфинале кое е на програмата на 15 јули и се игра во Атланта.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано