ИНФО
- Град: Канзас Сити
- Држава: САД
- Капацитет: околу 73.000 гледачи
- Отворен: 1972
- Домаќин: Kansas City Chiefs
- Интересен факт: познат како еден од најгласните стадиони во светот
Arrowhead Stadium во Канзас Сити е стадион што одамна има култен статус во американскиот спорт. Иако е дом на NFL тимот Kansas City Chiefs, неговата репутација одамна ја надмина границата на американскиот фудбал — Arrowhead е познат како едно од најгласните и најатмосферични спортски места во светот.
Влезен е и во Гинисовата книга на рекорди како најгласното спортско место на отворено во светот. Арената, достигна рекордно ниво од 142,2 децибели кога Чифс се соочија со Њу Ингланд Патриотс во 2014 година.
За разлика од футуристичките нови арени, Arrowhead има поинаков шарм — класичен американски стадион со сурова спортска атмосфера и публика што живее за секој натпревар. Токму тоа ќе му даде посебен карактер и на Светското првенство 2026.

Канзас Сити во последните години станува сè поважно име и во фудбалот. Градот има силна soccer-култура, а интересот за Светското првенство веќе е огромен. Во 2026 година, Arrowhead ќе биде домаќин на вкупно шест натпревари на каде што фановите од целиот свет ќе ја почувствуваат вистинската американска спортска страст. Во групната фаза на него ќе играа: Аргентина-Алжир, Еквадор-Курасао, Тунис-Холандија и Алжир-Австрија.
Со својата историја, бучава и уникатна атмосфера, Arrowhead Stadium нема да биде само уште еден домаќин на Мундијалот. Тој ќе биде едно од местата каде што секој натпревар ќе изгледа како големо финале.
Утре во серијалот „16 стадиони, еден Мундијал“:
NRG Stadium (Хјустон) — тексашката арена што ќе донесе латино атмосфера на СП 2026
Светско првенство 5/16 — Mercedes-Benz Stadium (Атланта)








