М6 Едукативен Центар официјално ги отвори новите простории во Кавадарци

М6 Едукативен Центар во Кавадарци

Денес во Кавадарци, М6 Едукативниот Центар официјално ги отвори новите простории со што направи уште еден чекор напред кон создавање простор за развој на вештини, иновации и претприемништво во Вардарскиот и Пелагонискиот регион.

Ова не е само инвестиција во простор, туку е одговор и заложба за креирање на нови можности и соработка помеѓу сите чинители во заедницата.

– Продолжуваме со нашата мисија да градиме средина што ги поттикнува личниот и професионалниот развој и придонесува кон позитивна трансформација. Благодарни сме на сите партнери, компании и соработници кои се дел од оваа приказна и веруваат во нашата визија, велат од М6 Едукативниот Центар.

Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.

Повеќе од истиот автор

Најчитано