КОСТАЛ Македонија со над 200 милиони евра инвестиции, годинава станува една од најголемите извозни компании

КОСТАЛ Македонија во изминатите десет години инвестираше повеќе од 200 милиони евра и денес вработува над 1.300 луѓе, а планираните приходи за 2026 година изнесуваат околу 280 милиони евра.

Главниот извршен директор Виктор Мизо во интервју за „Економија и бизнис“ истакнува дека фабриката во Охрид не растела само по обем, туку и по технолошка сложеност и стратешко значење за Групацијата КОСТАЛ. Охрид денес е позициониран како европски компетенциски центар за производство на мехатронски модули и енергетска електроника.

Според Мизо, годинава КОСТАЛ Македонија ќе стане втора најголема производствена локација за европскиот пазар во рамките на Групацијата и ќе се вброи меѓу петте најголеми извозници во земјава. Дополнителна потврда за плановите за раст е и рамковниот кредит од 100 милиони евра од ИФЦ за локациите на КОСТАЛ во Источна Европа, со посебен фокус на Македонија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано