ЈАПОНИЈА СО НОВ НУКЛЕАРЕН ПЛАН, до 2050 година заменување на застарените нуклеарни постројки

Министерство за индустрија на Јапонија денес предложи замена на два до пет застарени нуклеарни реактори до 2040 година и вкупно од 11 до 14 до 2500.

Министерството за економија, трговија и индустрија ги презентираше целите на состанок на министерски панел, со цел да се поттикнат инвестициите и да се обезбеди доволен број персонал во нуклеарната индустрија, објави „Кјодо“, додавајќи дека планот е објавен во време кога Јапонија очекува побарувачката за електрична енергија да расте со ширењето на вештачката интелигенција.

Според основниот енергетски план на владата, Јапонија има за цел да добива 20 проценти од својата електрична енергија од нуклеарна енергија во фискалната 2040 година за да ги задоволи своите енергетски потреби.

Сепак, постигнувањето на целта би барало замена на постојните постројки, бидејќи самото рестартирање на постојните реактори нема да биде доволно за да се исполни целта.

Предложените бројки ги одразуваат проценките на енергетската индустрија дека до 2040 година, Јапонија ќе има недостиг од 5,5 милиони киловати енергија, приближно еквивалентно на количината произведена од пет реактори.

Работниот век на реакторите е ограничен на 60 години, а некои електрани во Јапонија веќе работат околу 50 години.

Во моментов, 24 реактори во 11 нуклеарни електрани се во фаза на декомисионирање, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано