ИЗЛОЖБА НА КОЛЕКЦИОНЕРСКИ АВТОМОБИЛЧИЊА ВО КУМАНОВО

Во Куманово утре од 12 до 18 часот ќе се одржи изложба на колекционерски автомобилчиња во различни размери, 1:64, 1:38 и 1:18. Настанот по четврти пат го организира „Diecast Club“ Куманово во соработка со Форма-Куманово и Q-Record, а ќе се одржи во паркчињата К4 и К5, зад  средното училиште „Перо Наков“.Во рамки на настанот од 12 до 14 часот ќе се одржи креативна работилница за деца со Posca маркери, која ќе ја води магистерот по ликовни науки и локален уметник Дејвид Стоилковски. За најмладите од 15 до 16 часот се предвидени и друштвени игри со професорот Југослав Спасиќ. Музичкиот дел од настанот ќе биде збогатен со настапи на локалните диџеи Пуца Череп и Виктор 43.

Организаторите ги покануваат љубителите на колекционерски автомобилчиња, како и сите граѓани кои сакаат дружење и добра забава, да бидат дел од четвртото издание на настанот.


Избор МИА

Фото Организатори, архива

Повеќе од истиот автор

Најчитано