Државната иранска телевизија објави дека европски држави преговараат со Иран, за да добијат дозвола за минување низ Ормуска Теснина.
– Откако бродови од источноазиските земји, меѓу кои Кина, Јапонија и Пакистан, поминаа низ Ормуска Теснина, денеска добивме информација дека Европејците започнале преговори со поморските сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда за минување низ Ормуска Теснина, јави иранската државна телевизија, без да прецизира за кои европски земји станува збор.
Претходно, претседателот на Комитетот за национална безбедност во иранскиот парламент, Ебрахим Азизи изјави дека Иран „воспоставил професионален механизам за управување со бродскиот превоз во Ормуска Теснина, што наскоро ќе стапи во сила.
– Само комерцијални бродови и земји што соработуваат со Иран ќе можат да минуваат, а ќе се наплаќаат такси за специјалните услуги. Ормуска Теснина ќе остане затворена за учесниците во така наречениот Проект слобода, истакна Азизи.
извор МИА








