Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во Тел Авив на MUNI EXPO за паметни градови  

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски го посетил MUNI EXPO во Тел Авив, еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи.

На настанот, на кој бил заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, присуствувале претставници на градови од светот, општини, институции и компании со можност да разменуваат искуства за тоа како локалната власт може да биде побрза, поефикасна и поблиску до граѓаните.

Ѓорѓиевски го посетил MUNI EXPO на покана на Државата Израел и амбасадорката на Израел во земјава, Вивиен Ајзен, и на Фејсбук објави дека е „особено значајно е да се видат израелските искуства во управување со податоци, дигитални услуги, комунални решенија и координација во кризни ситуации“.

-Скопје мора да учи од најдобрите практики, да се отвора кон современи решенија и да гради град кој ќе биде функционален, уреден и подготвен за предизвиците на иднината. Изразувам искрена благодарност за поканата и можноста да бидам дел од овој значаен настан, кој отвора простор за размена на искуства, нови идеи и конкретни решенија за подобро функционирање на градовите. Продолжуваме со посветена работа за модерно, организирано и европско Скопје, напиша скопскиот градоначалник на својот фејсбук-профил. 


 Фото: ФБ Орце Ѓорѓиевски и ФБ Иван Јорданов 

Повеќе од истиот автор

Најчитано