Во 2025 година, 70 843 пазарноориентирани деловни субјекти реализирале промет од
2 226 478 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 522 087 милиони денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем промет од 38,7 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24,5 %.
Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 26,2 %, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 20,0 %, Градежништвото со 10,0 % и Телекомуникации, компјутерско програмирање, консултантски дејности, компјутерска инфраструктура и други информатички дејности со 9,2 %.
Фото Економија и бизнис








