Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци ќе бидат ослободени од плаќање на фактурите за вода за изминатиов месец. Иницијативата беше поведена од Советот на општина Гостивар како мерка за ублажување на последиците од кризната состојба и епидемијата кои траеа еден месец.
На денешната седница, беше образложено дека се разгледувале и можности за ослободување од обврската за плаќање на водата за пиење за повеќе месеци. Според претседавачот на советот Ваљдет Џафери тоа би било за два или три месеци, но таквата одлука би требало и реално да се спроведе.
Првиот човек на ЈП „Комуналец“, Алмир Даути, појасни дека вонредната состојба со водоснабдувањето траела еден месец и смета дека ослободување од плаќање е доволно да биде за еден месец и тоа да биде за август.
Во врска со проблемите со редовно снабдување со вода за пиење на некои населби како што се Дебреше, Грудајца Фазанерија и Циглана, од одговорните од ЈП Комуналец, беше посочено дека на првата наредна седница ќе ги претстават плановите за надминување на проблемите.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис








