ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ ВТОРАТА НАЈТОПЛА ГОДИНА ВО ИСТОРИЈАТА

Глобалното затоплување речиси сигурно ќе ја надмине границата од 1,5 степени Целзиусови оваа година во споредба со прединдустрискиот период, објави во петокот европската служба за климатски промени „Коперникус“.

Доколку се потврдат прогнозите, тоа ќе биде втор пат овој праг да биде надминат на годишно ниво, по 2024 година. Сепак, целта за ограничување на глобалното затоплување официјално ќе се смета за надмината само кога температурата ќе ја надмине оваа граница во повеќегодишен просек.

Според проценките на „Коперникус“, оваа година ќе биде втората најтопла година досега, со 20 проценти шанси да се надмине рекордната 2024 година.

Експертите на оваа служба, исто така, проценуваат дека четиригодишниот просек на затоплување за периодот од 2023 до 2026 година ќе надмине 1,5 степени.

Податоците  покажуваат дека октомври во светот бил најтопол досега, со просечна глобална температура 1,75 степени над прединдустриските нивоа.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано