ПРЕД ЗИМАТА околу 50 милиони Европејци не можат соодветно да ги загреат своите домови, индустријата под притисок од растечките цени на нафтата и гасот

Пред зимата, европската индустрија и домаќинствата се под притисок од растечките цени на енергијата, зафатеноста на европските складишта за гас не е на задоволително ниво, а министрите за енергија на Европската унија сè уште не постигнале консензус за заеднички мерки за ублажување на последиците за потрошувачите.

Се очекува високите цени на енергијата да ја намалат потрошувачката во Европа во текот на претстојната зима, а првите ефекти од падот на побарувачката веќе се забележани во третиот квартал од оваа година, изјави главниот финансиски директор на француската енергетска компанија Анжи (Енжи) Пјер-Франсоа Риолато.

Европската хемиска индустрија во моментов се соочува со најлошиот пад во последните децении, а експертите веруваат дека слабата побарувачка, скапата енергија и строгата регулатива би можеле да поттикнат бран спојувања и преземања (M&A) на компании во рамките на секторот.

Капацитетот за складирање гас во Европската Унија е 73,75 проценти, што е за 17,2 проценти помалку од петгодишниот просек, според податоците од Гасната инфраструктура на Европа (GIE).

Во Германија, најголемата економија на Европската Унија, капацитетот за складирање гас е само 60,25 проценти, во Холандија 64,94 проценти, а во Италија 90,08 проценти.

Околу 50 милиони Европејци не можат соодветно да ги загреат своите домови, предупреди европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен.

Европската Унија влегува во зимската сезона на греење со најниски резерви на природен гас во складиштата од 2013 година, што го зголемува ризикот од проблеми со снабдувањето во случај на постудено време или нови прекини во снабдувањето, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) претходно овој месец.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано