ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗАБАВИЛА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ, остварен скромен економски раст

Германската економија порасна во третиот квартал од 2026 година за само 0,1 процент во споредба со претходните три месеци, што е помалку од првичната проценка од 0,2 проценти, објави Федералниот завод за статистика. Надолната ревизија е резултат на послабиот извоз и помалиот промет во малопродажбата во текот на септември отколку што претходно се претпоставуваше.

Претседателката на статистичкиот завод, Рут Бранд, изјави дека економската активност забавила во третиот квартал, откако била релативно стабилна во текот на првата половина од годината и покрај геополитичките кризи.

Германскиот бруто домашен производ пораснал за 0,4 проценти во првиот и 0,3 проценти во вториот квартал, па најновите податоци укажуваат на слабеење на економскиот моментум.

Вкупната потрошувачка се зголемила за само 0,1 процент во споредба со претходниот квартал. Потрошувачката на домаќинствата, која сочинува приближно 70 проценти од вкупната потрошувачка, исто така се зголемила за 0,1 процент. Државната потрошувачка забележала нешто посилен раст од 0,3 проценти.

Во исто време, инвестициите се намалија за 1,2 проценти, што дополнително го продлабочи негативниот тренд забележан во текот на првата половина од годината. Слабеењето на инвестициите укажува на продолжување на неповолните трендови во една од важните компоненти на германската економија.

Извозот и увозот забележаа силен раст во текот на првата половина од годината, но ситуацијата се промени во третиот квартал. Вкупниот извоз се намали за еден процент во споредба со претходните три месеци, што придонесе за послаб вкупен економски резултат.

Податоците  укажуваат дека растот на германската економија речиси запрел во текот на летото, со слабеење на извозот, стагнација на потрошувачката на домаќинствата и пад на инвестициите. Забавувањето е особено значајно по релативно подобрите резултати во првата половина од годината, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано