Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство информира дека во моментот се реновира одделот за пуерпериум (одделението во кое престојуваат породените мајки) и дека работењето се одвива со вообичаена динамика и нема застој.
– Информацијата е со цел да се информираат сите идни мајки и нивните семејства дека некои од пациентките се сместени на одделението, други на друго одделение, при што се врши ротација на пациентките во согласност со претходно направен план. Сите здравствени услуги се добиваат навремено и без застој. Оваа активност е резултат на грижата на Клиниката за континуирано подобрување на условите на сите лежечки пациентки – објави Клиниката на својоит фејсбук-профил.
Реновирањето, како што се посочува, е уредно пријавено и тоа се извршува во согласност со пртоколите за градежни зафати.








