Француските компании подготвени за инвестиции во Македонија, но чекаат конкретни проекти

Француските компании покажуваат силен интерес за инвестиции во Македонија, особено во инфраструктурата, здравството, енергетиката и железничкиот транспорт, но недостигаат конкретни можности за реализација, вели Кристоф Пети, претседател на Француско-македонскиот деловен совет во рамките на МЕДЕФ Интернасионал, во интервју за Економија и бизнис.

Според него, дел од француската делегација веќе има подготвени проекти и финансиски решенија, а во нив се вклучени големи компании и меѓународни банки. Франција, како што посочува, ѝ понудила на Македонија модел за изградба на болниците во Штип, Кичево и Тетово по принципот „клуч на рака“, сличен на договорот што веќе се реализира во Црна Гора.

„Имаме многу проекти и понуди на маса, но не гледаме зошто тие не се материјализираат. Се надеваме дека разговорите со Владата ќе помогнат барем дел од овие можности да станат реалност“, истакнува Пети.


Целото интервју може да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано