ФЕД ПРЕДИЗВИКА ПОТРЕСИ НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ, доларот скокна, златото поевтини, цената на нафтата останува проблем

Светските финансиски пазари се обидуваат да се прилагодат на новата реалност откако американската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат по повеќе од три години, а во исто време испрати сигнал до инвеститорите дека ова можеби не е последно зголемување.

Последиците брзо се проширија од акции и државни обврзници до вредноста на доларот, златото и нафтата.

Доларот достигна седумнеделен максимум во однос на кошничка главни светски валути, додека приносите на краткорочните државни обврзници на САД се зголемија. Цената на златото е под притисок, а претходниот ден вредноста на американските акции завршија претежно во минус.

Федералните резерви (ФЕД) во среда ја зголемија референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на опсег од 3,75 до 4 проценти. Тоа беше првото зголемување на стапката од 2023 година.

Уште поважна за пазарите беше пораката дека може да следи понатамошно затегнување на монетарната политика ако инфлацијата не се намали доволно брзо.

Промената во очекувањата особено се чувствува на пазарот на злато. Цената на златото утрово се движеше околу 4.270 долари за унца, откако падна приближно за два проценти во текот на претходните три трговски дена.

Повисоките каматни стапки во САД и посилниот долар генерално се неповолна комбинација за скапоцените метали, бидејќи од поседувањето на злато не се заработува камата. Во исто време, среброто утрово беше околу 63,28 долари за унца.

Нафтата брент продолжи да се движи над 100 долари за барел во утринското тргување, иако податоците од различните пазарни делови се разликуваат поради брзите промени на цените за време на тргувањето.

Инвеститорите денес чекаат одлука од Банката на Англија, за која се очекува дека ќе ги задржи каматните стапки непроменети. Сепак, многу поважна ќе биде пораката дали зголемувањето на цените на енергијата би можело повторно да ја принуди Банката на Англија да ги зголеми каматните стапки.

Вниманието се префрла кон Јапонија, каде што пазарите ја очекуваат одлуката на Банката на Јапонија. Инвеститорите сметаат на зголемување на јапонските каматни стапки, пренесува Независне.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано