Американските федерални резерви (ФЕД) денес одлучија да ја задржат референтната каматна стапка во опсег од 3,75 до 4,00 проценти, со образложение дека е потребно да се соберат дополнителни податоци за трендовите на инфлацијата пред да се донесат понатамошни одлуки за монетарната политика.
Одлуката е донесена со 10 гласа „за“ и два „против“.
Гувернерката на ФЕД, Лиза Кук, и претседателката на филијалата на американската Централна банка во Кливленд, Бет Хамок, се заложија за зголемување на каматната стапка за 0,25 проценти.
Растот на инфлацијата и отпорноста на американската економија оставаат можност за ново зголемување на каматните стапки во декември.
Годишната инфлација во САД забрза на 3,7 проценти во септември, од 3,4 проценти во август, додека базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, достигна 2,6 проценти.
Ова дополнително ги комплицира одлуките на централната банка, чија цел е да ја врати инфлацијата на два проценти, пренесува порталот Независне.
Фото Економија и бизнис








