Група од четири земји-членки на Европската Унија предводени од Германија ја отфрлија идејата да ѝ се понуди на Канада „придружно членство“ во ЕУ и се за терминологијата „никогаш поблиска соработка“, објави денес Политико.
Група земји, меѓу кои се Германија, Италија, Грција и Франција, се спротивставиле на употребата на терминот „придружно членство“ во заедничко соопштение што ќе биде објавено по претстојниот самит ЕУ-Канада во Монтреал.
Европската Унија не успеа да се согласи за заедничко соопштение за евентуалното „придружно членство“ на Канада, бидејќи Германија, заедно со најмалку три други земји-членки, се спротивставиле на текстот пред самитот ЕУ-Канада во Монтреал.
По неуспешните разговори меѓу амбасадорите на земјите-членки во понеделникот, во вторник беше започната таканаречената постапка на молчење, според која новиот текст би бил автоматски усвоен доколку до пладне ниедна земја не поднесе приговор.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и десет европски комесари треба да патуваат во Монтреал на самит со Карни, закажан за четврток и петок.
На состанокот ќе се разговара за продлабочување на соработката во областите на трговијата, енергетиката, образованието и Арктикот, пренесуваат медиумите во регионот.
Фото Економија и бизнис








