Економскиот факултет – Скопје напредува во активностите за унапредување на квалитетот согласно стандардите на AACSB

Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје информира дека неговиот Почетен извештај за самоевалуација — Initial Self-Evaluation Report (iSER) — е прифатен од Комисијата за почетна акредитација на AACSB International.

Овој значаен чекор претставува дел од континуираните активности на Факултетот за унапредување на квалитетот и усогласување на академските процеси со меѓународно признатите стандарди во образованието од областа на бизнисот.

Економскиот факултет – Скопје работи кон стекнување на AACSB акредитација, во рамки на процес што подразбира континуирано унапредување на наставата, научно-истражувачката работа и институционалните процеси.

Како член на AACSB Business Education Alliance, Факултетот учествува во активности, настани и професионални иницијативи кои го поддржуваат развојот и унапредувањето на квалитетот во образованието од областа на бизнисот.

Економскиот факултет – Скопје ќе продолжи да спроведува активности насочени кон обезбедување на високи стандарди во образованието и создавање вредност за студентите, академската заедница и општеството.

AACSB е најстарата глобална асоцијација во оваа област, со 110-годишна историја, и претставува една од најпрестижните и највлијателните меѓународни акредитации во образованието од областа на бизнисот. AACSB акредитацијата претставува потврда дека една високообразовна институција работи според строги меѓународни стандарди за квалитет во наставата и научноистражувачката работа, континуирано унапредување, релевантност и влијание врз пошироката заедница. Денес, AACSB акредитација имаат 1.086 институции, односно околу 6% од високообразовните институции во светот што нудат студии од областа на бизнисот.

Повеќе од истиот автор

Најчитано