Стопанска банка неодамна ја зајакна застапеноста на жените на највисоките раководни позиции, комбинирајќи ги управувачките реформи со регионални партнерства како Women on Boards Adria (WOBA). Истовремено, Банката спроведува интензивен процес на трансформација, воден преку широк спектар на стратешки и дигитални иницијативи во сите аспекти од работењето. Во разговор за WOBA, Евангелија Калуптси, генерален директор за стратегија и трансформација и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД-Скопје, говори за тоа како диверзитетот е поврзан со стратегијата, трансформацијата и со создавањето долгорочни вредности.
Стопанска банка во последните години направи неколку именувања на жени на високи раководни позиции. Како го гледате овој исчекор во контекст на пошироката стратегија на Банката?
Евангелија Калуптси: Овој исчекор е дел од планираните активности бидејќи зајакнувањето на диверзитетот на нивоата одговорни за носење клучни одлуки не е одвоено од стратегијата, туку претставува составен дел од тоа како градиме поотпорна и понапредна организација.
Истовремено, овој пристап е тесно поврзан со поширокото трансформациско движење на Банката. Како што напредуваме низ сеопфатната трансформација, која опфаќа дигитализација, оперативна извонредност и корисничко искуство, разновидното лидерство станува потреба. Разновидноста овозможува да пристапиме кон промените со поголема агилност и да осигуриме дека различните перспективи се вградени во начинот на којшто ја дизајнираме иднината на Банката.
Банкарството денес подразбира справување со комплексност: дигитална трансформација, променливи очекувања на клиентите и регулаторни промени. Разновидните лидерски тимови се подобро подготвени да ги надминат претпоставките, да отворат различни перспективи и на крајот да донесат поистрајни одлуки.
Во Стопанска банка, ова се одразува и преку составот на нашите Управен и извршен одбор, но и пошироко во нашиот пристап кон корпоративното управување. Целта притоа не е застапеност сама по себе, туку ефикасност. Можност да обезбедиме нашето раководство да биде одраз на пазарот и на заедницата за коишто работиме.
Вашата улога како генерален директор за стратегија и трансформација се наоѓа на пресекот на иновацијата и управувањето. Како инклузијата се вклопува во трансформацијата?
Евангелија Калуптси: Трансформацијата во суштина лежи во луѓето. Технологијата овозможува, но успехот на секоја трансформација зависи од тоа колку добро организацијата го мобилизира својот талент.
Во нашиот случај, трансформацијата е и стратешка и културолошка. Не воведуваме само нови системи и процеси, туку поттикнуваме и начин на размислување кој ги прифаќа промените, соработката и континуираното учење. Овој културен исчекор е клучен за долгорочната одржливост и отпорност.
Во тој контекст, зајакнувањето на разновидноста во кадровската структура значи создавање средина во која се добиваат различни мислења и каде што талентот може целосно да придонесе во растот и развојот. Ова е особено важно во области како дигитализацијата и вештачката интелигенција, каде што интердисциплинарното размислување е од суштинско значење.
За нас, трансформацијата не се однесува само на системите и на процесите; таа подразбира градење култура која поддржува иновации и одговорност и на крајот обезбедува одржлив раст во иднина.
Оваа трансформација дополнително се засилува преку поддршката и експертизата која ја добиваме од NBG Group, преку активната улога на Групацијата во водењето и поддршката за клучните иницијативи, носејќи меѓународно искуство и најдобри практики во нашиот локален контекст.
Стопанска банка е и партнер во Women on Boards Adria (WOBA). Која е значајноста на ваквите партнерства?
Евангелија Калуптси: Партнерствата како WOBA се важни бидејќи се насочени кон структурен предизвик: кадровска разновидност подготвена за членство во одбори и поголема видливост за талентираните кадри.
Од корпоративна перспектива, ова значи проширување на кругот од којшто се избира раководството. Од регионална перспектива, значи подигнување на стандардите во управувањето и обезбедување компаниите да имаат пристап до целосниот спектар на достапна експертиза.
За Стопанска банка, партнерството со WOBA е целосно усогласено со нашата поширока трансформациска агенда. Како што ја обликуваме организацијата за иднината, иницијативите што промовираат инклузија, развој на лидерство и диверзитет директно ја поддржуваат културата што ја градиме. Учеството во вакви иницијативи ја зацврстува нашата заложба за континуирано унапредување на корпоративното управување и развојот на лидерството.

Многу организации зборуваат за диверзитет, но напредокот не е секогаш рамномерен. Што ја прави имплементацијата ефективна?
Евангелија Калуптси: Сѐ се сведува на доследност и усогласеност. Принципите, како еднакви можности и напредување врз основа на заслуги, се неопходни, но тие се само почетна точка.
Она што е важно е како овие принципи се рефлектираат врз реалните одлуки, како и именувањата на позициите, унапредувањата и врз структурата на тимовите. Потребна е и јасна намера од раководството, како и одговорност на долг рок.
Во трансформациско окружување, ова станува уште поважно. Како што организациите се развиваат, се отвора уникатна можност овие принципи да се вградат во новите начини на работа. Кај нас диверзитетот е интегриран во рамката на корпоративното управување и во корпоративната култура. Токму таа усогласеност овозможува напредокот да биде одржлив, наместо повремен.
П5. На крајот, каква порака би им упатиле на компаниите во регионот кои сѐ уште се во порана фаза од ова патување?
Евангелија Калуптси: Пристапувајте кон диверзитетот како кон стратешки приоритет, а не како кон некоја формална обврска. Доказите се недвосмислени, дека разновидните лидерски тимови придонесуваат за подобро управување и посилни резултати.
Во исто време, би нагласила дека трансформацијата и диверзитетот одат рака под рака. Организациите што инвестираат во модернизација, иновации и културна промена се токму оние кои создаваат простор за поинклузивно лидерство.
Во Стопанска банка оваа визија се одразува и преку конкретни инвестиции, како што е изградбата на нашата нова централа, која симболизира нашата долгорочна амбиција за раст, модернизација и создавање современа работна средина за нашите вработени.
Подалеку од фактите и податоците, постои и практичната реалност: организациите што црпат од поширок спектар на перспективи се едноставно подобро позиционирани да се адаптираат и да растат. Во брзо променлива средина, тоа е од суштинско значење.








