ДИНАРОТ СЛАБЕЕ ВО ОДНОС НА ЕВРОТО, НБС ја зголеми референтната каматна стапка

Дунав во Белград

Народната банка на Србија ја зголеми референтната каматна стапка од 5,75 на шест проценти. Соговорниците на „Еуроњуз Србија“ велат дека како последица на таквата одлука, може да се очекува и намалување на задолжувањето, намалување на потрошувачката и запирање на инфлацијата. Но, оваа промена не треба да влијае на одлуката на граѓаните за земање кредит, како и на преговорите со банките при потпишување договори.

Официјалниот просечен курс на динарот во однос на еврото во петокот е 117,6319 динари, објави Народната банка на Србија (НБС).

Динарот ослабе во однос на еврото за 0,1 процент на месечна основа, за 0,2 проценти на годишна основа и за 0,3 проценти од почетокот на годината.

Индикативниот курс на динарот во однос на доларот денес зајакна за 0,2 проценти и изнесува 107,1213 динари за долар.

Во споредба со претходниот месец, динарот ослабе во однос на доларот за 1,8 проценти, на годишна основа за 5,6 проценти, а од почетокот на годината за 6,7 проценти.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано