ЦУК: Информација за состојбата со врнежите од дожд и снег и проодноста на патиштата до 13:30 часот

Тетовски Регион

РЦУК – Тетово известува дека сите магистрални и регионални патни правци се проодни. Сообраќајот се одвива отежнато, во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозите. Во моментов нема забрани за движење, а екипите на ЈП „Македонија пат“ се на терен и работат на дополнително расчистување и проширување на коловозите.

Општина Тетово: Патните правци во градот и населените места на пониска надморска височина се исчистени. Механизацијата е упатена кон повисоките планински населени места. Без електрична енергија се Попова Шапка, с. Лисец и с. Гајре.

Општина Брвеница: Сите регионални и локални патни правци се проодни, вклучително и патот до с. Гургурница. Механизацијата е на терен и работи на дополнително расчистување. Без електрична енергија се селата Горен Челопек, Долен Челопек и Милетино.

Општина Јегуновце: Патните правци се проодни, а сообраќајот се одвива редовно.

Општина Желино: Нема наврнато поголемо количество снег. Сообраќајот се одвива редовно, без пријавени проблеми.

Општина Теарце: Патните правци се проодни и нема проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Општина Боговиње: Патиштата во населените места на пониска надморска височина се проодни. Екипите работат на расчистување кон селата Урвич и Јеловјане. Без електрична енергија се селата Камењане, Палчиште и Калник.

Општина Гостивар: Патиштата во градот и пониските населени места се исчистени и проодни. Екипите работат на расчистување на патиштата кон повисоките планински населени места, за кои се очекува да бидат проодни во периодот од 16:00 до 17:00 часот. Без електрична енергија се селата Вруток, Ново Село, Цветково, Церово, Речане, Беловиште, Здуње, Градец, Горна и Долна Бањица, Сушица, Ѓоновица, Куново, Трново, Трница, Врбјане, Сенче, Волковија, Нистрово и Белица.

Општина Врапчиште: Екипите работат на расчистување на патиштата кон повисоките планински населени места, меѓу кои Ѓурѓевиште, Врањовце и Ломница. Патиштата во пониските населени места се проодни.

Општина Маврово и Ростуше: Во Ростушкиот дел има снежна покривка од околу 3 до 4 сантиметри, додека во Мавровскиот дел количеството снег е поголемо. Екипите се на терен и работат на расчистување на патните правци во Мавровскиот дел.

Кумановски, Кривопаланечки и Кратовски Регион

РЦУК – Куманово известува дека патната инфраструктура во Кумановскиот, Кривопаланечкиот и Кратовскиот Регион е проодна. Екипите за зимско одржување работат на расчистување и посолување на коловозите. Во моментов нема врнежи.

Општина Куманово: Сите патни правци се проодни.

Општина Старо Нагоричане: Има снежна покривка од 3 до 5 сантиметри. Сите патни правци се проодни.

Општина Липково: Сите патни правци се проодни.

Општина Крива Паланка: Експресниот пат до граничниот премин Деве Баир е прооден. Проодни се и патните правци кон Калин Камен, с. Конопница и с. Дурачка Река. Расчистувањето на патиштата кон планинските села ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Општина Кратово: Има повремени врнежи од снег, а во градот снежната покривка изнесува околу 5 сантиметри. Екипите вршат посипување на коловозите со ризла и сол. Во с. Мушково има околу 15 сантиметри снег, поради што движењето се одвива со теренски возила.

Од Водостопанство „Кумановско-Липковско Поле“, информираат дека засега нема опасност од излевање на реките на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Скопски Регион

РЦУК – Скопје известува дека сите патишта се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови, со влажни коловози и на одредени места со кашест снег. Екипите на локалната самоуправа од раните утрински часови се на терен и вршат посипување на улиците со сол.

Штипски Регион

РЦУК – Штип известува дека сите магистрални, регионални и локални патишта се проодни. Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози. На одредени места има слаби врнежи од снег, а патиштата редовно се расчистуваат.

Битолски Регион

РЦУК – Битола известува дека сите регионални патни правци се проодни, со остатоци од кашест снег на коловозите.

Струмички Регион

РЦУК – Струмица известува дека на подрачјето што го покрива центарот нема врнежи од снег. Сите патни правци се чисти и проодни, со влажни коловози.

Охридски Регион

РЦУК – Охрид известува дека сите патни правци на подрачјето што го покрива центарот се чисти и проодни, со влажни коловози.

Велешки Регион

РЦУК – Велес известува дека во подрачјето што го покрива центарот има врнежи од снег и дожд, кои брзо се топат. Коловозите се влажни, но на регионалните и магистралните патишта не се пријавени поголеми потешкотии. Сообраќајот се одвива нормално во зимски услови. На повисоките планински места има снежна покривка од околу 10 сантиметри, која засега не предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот. Екипите на надлежните јавни претпријатија вршат расчистување и посолување на коловозите.

Центарот за управување со кризи е во активна координација со сите надлежни институции по врнежите од дожд и снег кои ја зафатија државата.

Оперативниот центар 112 е во целосна готовност и континуирано ги прима повиците од граѓаните за пријавување на проблеми и итни ситуации предизвикани од временските непогоди. Сите добиени пријави навремено се проследуваат до надлежните институции и служби.

Истовремено, преку Дежурниот оперативен центар на ЦУК се координираат активностите на надлежните институции и екипите на терен, со цел навремено и ефикасно постапување во справувањето со настанатите состојби.

Апелираме до граѓаните, доколку се соочат со блокирани патишта, отежнато одвивање на сообраќајот, поплави или други итни ситуации, да го контактираат единствениот број за итни повици 112.

Повеќе од истиот автор

Најчитано